×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ромите не ги знаат своите права

    09.07.2015 12:33 | KumanovoNews

    Ромите не ги знаат своите права од социјална и здравствена заштита, велат од ДРОМ.

    Ромите не ги знаат своите права

    Тие изминативе шест месеци работеле проект со 90 Роми од различни возрасни групи, при што ги информирале за нивните права и како истите да ги остварат.

    И понатаму ќе треба да се работи со нив, за да ги запознаат своите права. И понатаму е мал бројот на Ромите кои што ги знаат своите права. Се запознаваат со законската регулатива во областа на вработувањето, здравството, образование, сите сегменти од општественото живеење каде што наидуваат на проблеми. Имаат доста проблеми со финансиите кои им стигаат од странство“-вели Ахмет Јашаревски, извршен директор на ДРОМ.

    Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација вели дека ромското население се соочува со дискриминација и има нееднаков треман при остварување на своите права.

    Еднаквата можност и шанса е главен приоритет не само за комисијата, туку општо мораме да го шириме тој концепт на антидискриминација. Досега има околу 300 и нешто преставки, но сеуште предничат оние по основ на хендикеп, етнички заедници посебно ромската - рече Миновски.

    Од ДРОМ велат дека планираат со Германското друштво ГИЗ РЕД,  да го продолжат проектот од септември, доколку има можност.