×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Роса школа за родителство“ и во Куманово

    12.12.2019 15:47 | KumanovoNews

    До крајот на годината во Куманово ќе биде отворена „Роса школа за родителство“, во која младите родители ќе можат да побарат стручни совети од стручни лица за грижата на новороденчињата.

    „Роса школа за родителство“ и во Куманово

    „Во овие школи за родителство, младите родители со помош на искусни педијатри и медицински сестри, учат како да се постапуваат со бебето. Ги учат основните постапки околу повивањето, водењето нега, хигиена и грижа, како и значењето и важноста на медицинските постапки како редовните прегледи и вакцинацијата“,- беше речено на промоцијата на проектот во Скопје.

    Просториите за „Роса школите“, се комплетно реновирани до средства обезбедени од продажба на  производите на компаниите Пивара Скопје и Coca-Cola.

    Министерството за здравство одредува во кои здравствени домови има најголема потреба од вакви центри и обезбедува стручен тим кој ќе ги спроведува овие обуки.

    Освен во Куманово „Роса школи“ ќе бидат отворени и во Струмица и Охрид, кои се продолжение на проектот што Пивара Скопје и Министерството за здравство го започна минатата година, кога вакви школи беа отворени во: Скопје, Битола и Гостивар.

    (Фото.Coca-Cola)