×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рурална коалиција: Фалат 27 милиони евра за земјоделски субвенции

    20.06.2014 09:43 | KumanovoNews

     Од невладината организација Рурална коалиција, денеска обвинија дека во 2012 година државата исплатила 27 милиони евра помалку субвенции за земјоделците од она што било планирано.

    Рурална коалиција: Фалат 27 милиони евра за земјоделски субвенции

    Трајан Димковски побраа одговор од надлежните каде завршиле парите кои не ги добиле земјоделците. Тој смета дека во исплатата на субвенциите политиката има вмешано прсти.

       - Има дилеми дали субвенциите се развојни или имаат социјален аспект. За жал кај нас имаат политички аспект. Најголема исплата на субвенции е точно во периодот пред избори што е погрешен пристап, бидејќи на земјоделците не им е важно кога се изборите, важно е да ги добијат навремено субвенциите. Извештајот е правен последниве 8 месеци каде е надгледувана веб страна на Платежна агенција, бидејќи по секоја исплата на директните плаќања на земјоделците, тие податоци се објавуваат по подрачни единици, по под мерка и име, презиме на граѓани и фирми - вели Димковски.

    Присутните фармери се потврдија дека субвенциите навистина им доцнат и дека тоа ги “кочи“ да инвестираат во производството и нормално да функционираат.

       - Со сите фармери со кои се знам и контактирам, да не претерувам ама 70 отсто немаат земено субвенции. Зошто е тоа така не знам. Кога предаваме документација ако не е комплетна не ја земаат, а по 2 - 3 месеци кога е крајниот веке, нешто фали и не не информираат редовно. Јас се занимавам со сточарство, со производство на млеко - рече Сефедин Мурсели од село Романовце.

    Од Рурална коалиција велат дека на веб страната на Платежната агенција се објавени само неколку имиња на лица кои ги злоупотребиле државните субвенции и бараат поголема транспарентност во иднина.

    Тие кажаа дека во европските земји во случај кога производната цена е повисока од продажната, државата ги стимулира земјоделците со повисоки субвенции.