Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре ќе се одржи Саем за вработување, кој има за цел да ги поврзе невработените и работодавачите.
Ваков саем за прв пат се одржува во Куманово, во организација на Агенција за вработување на Македонија. Саемот во 10 часот свечено ќе го отвори директорот на АВРМ, Влатко Поповски. Работодавците ќе ја презентираат својата дејност, а невработените ќе можат да остават свое сиви. Во 12 часот ќе има Форум на работодавачи, а во 13 часот ќе се одржи Инфо среда со млади невработени лица.
Саеми за вработување досега се одржаа во повеќе градови во Македонија.