Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Д.С.(29) од Куманово, синоќа се обидел да ограби двајца кратовци, но тие го совладале и го претепале, по што бил пренесен во болница.
Инцидентот се случил пред полноќ во 23.50 часот, на ул.„Белградска“, кога напаѓачот маскиран со црн шал, му вперил пиштол „Црвена Застава“ на И.К.(36) и побарал да му даде пари. Нападнатиот се спротивставил и со помош на неговиот татко Ј.К. и роднина Д.М. од Кратово, успеале да го совладаат Д.С., нанесувајќи му телесна повреда во пределот на главата и телото, по што повикале полиција.
Повредениот бил пренесен и задржан на лекување во Кумановската болница. По целосно документирање на настанот против строителот ќе биде поднесена пријава за разбојништво во обид.