Салата во комитет готова за празникот на градот
Привршува реконтрукцијата на салата во комитет.

Таа ќе биде готова за празникот на градот, информираат од Центарот за развој на североисточниот плански регион. Салата се реновира со 2 милиони денари обезбедени од програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој, а општината учествува со 347.000 денари.
Ние веќе сме сигурни дека ќе биде подготвена за 11 Ноември. Последните неколку дена во две смени се работи. Реновирана е комплет салата со тоа што тапацирани се 312 седишта, променети се ѕидовите, ќе се смени озвучувањето, сменет е подот и се надеваме дека на 11 Ноември сè ќе биде како што треба - вели Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточниот плански регион.
Салата е изградена пред 1970 година и оттогаш не е реновирана.