×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Сами Фрашери“ се вклучува во програмата Еразмус плус

    25.11.2014 11:15 | KumanovoNews

    Гимназијата “Сами Фрашери“ се вклучува во европската програма за мобилност Еразмус плус, и во наредните три години ќе реализираат размени со училишта од неколку европски земји.

    “Сами Фрашери“ се вклучува во програмата Еразмус плус

    Наставници и ученици ќе одат на размени во Франција, Германија, Унгарија, Италија, Шпанија и Шведска,  а првата група од денеска престојува во Куманово.

    „Во понатамошен тек на проектот ќе бидат вклучени учениците. Во сите држави ќе бидат по два претставници  од наставниците и по четири од учениците. Ние ќе ги посетиме сите овие држави, а и тие ќе дојдат во нашиот град, во нашето училиште. Денеска е прва средба, да се запознаат училиштата партнери во проектот, кои струки ги имаат, какви училишта се “ - вели Халил Камбери, секретар во “Сами Фрашери“.

    Размените ќе помогнат наставниците и професорите да разменат искуства, да се стекнат со нови знаења и да се запознаат со образовниот процес во европските земји.