Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена самостојната изложба на уметничка фотографија на авторот Владимир Јовановски.
Тој е роден во 1983 година во Куманово и активен e на полето на уметничката фотографија од неговата десетта година, кога учествува на регионални и републички Олимпијади на млади техничари.
Своите фотографии ги изложува на повеќе од 200 меѓународни изложби во повеќе од 20 земји во светот. Досега има добиено награди на Денови на македонската фотографија во конкуренција на млади автори (две златни медали и една сребрена за колекција на фотографии ), FIAP , PSA, ISF , УПИ, ФСМ и други дипломи во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Романија, Украина и Шпанија, а највисоките награди што ги добива се FIAP награда и златен медал во Луксембург, ПСА златен медал во Македонија, ФСС златен медал во Србија и сребрени медали во Босна и Херцеговина и Аргентина.
Тој е активист во ФКК “Козјак“ од почетокот на неговиот фотографски живот. Член е на организацискиот одбор на меѓународни фотографски изложби организирани од „Козјак“, а во 2009 година е избран за претседател на клубот.
Јовановски помага во заживување и реформирање на структурата на повеќе фото клубови низ Македонија (Битола, Прилеп, Крива Паланка, Струга, Струмица и Штип). Основач е на македонската архива за уметничка фотографија, а подоцна го создава првиот фотографски весник за македонската фотографија наречен "За Македонцката фотографија".
Изложбата ќе трае до 6 февруари.