Мени

Санирано свлечиштето во Ропаљце

15.03.2016 14:40 | KumanovoNews

Санирани се оштетувањата на локалниот пат кон селотот Ропаљце што настанаа како последица на обилните врнежи од дожд.

Санирано свлечиштето во Ропаљце

Од Регионалниот Центар за управување со кризи Куманово информираат дека е извршена делумна санација на патниот правец и сообраќајот се одвива непречено. Екипи на ЈП „Македонија пат“ ќе продолжат со поправка на патот.

Обилните врнежи предизвикаа свлечиште и на локалниот пат Думановце -  Гошинце.