×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сања Давидовиќ нова в.д. директорка на Фондацијата за култура и спорт Куманово

    18.08.2025 14:25 | KumanovoNews

    Сања Давидовиќ е именувана за нова вршителка на должност директорка на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.

    Сања Давидовиќ нова в.д. директорка на Фондацијата за култура и спорт Куманово

    По професија е дипломиран етнолог, а повеќе од десет години работи како стручен соработник за култура и културно наследство во Фондацијата. Од 27 јуни официјално ја презеде функцијата в.д. директорка.

    „Со оглед на тоа што долги години сум дел од институцијата, многу добро ја познавам работата и ќе продолжам со истиот интензитет како и моите претходници во организацијата на настани и фестивали. Заедно со колегите ќе реализираме и нови проекти со цел да се збогати културниот живот во Општината,“ изјави Давидовиќ.

    Таа ја наследува функцијата од Марио Арангеловски, на кој му заврши мандатот.