500x100-1
22. 10. 2019 13:48

СДММ организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на Мартин Симоновски Матрикс

СДММ организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на Мартин Симоновски Матрикс

Локалниот клуб на СДММ Куманово, по осми пат организира традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на Мартин Симоновски Матрикс.

Натпреварите ќе се одиграат во недела во салата на основното училиште „ Христијан Карпош“ во населба Перо Чичо, а турнирот ќе биде отворен во 11 часот.

„Ги повикувам сите граѓани да земат учество на овој турнир и во спортски дух да оддадеме почит на згаснатиот живот на нашиот другар Мартин Симоновски Матрикс“ - рече на прес-конференцијата Мартин Захариев, претседател на СДММ Куманово.

Пријавувањето на екипите трае до петок (25 октомври), а заинтересираните ќе можат да се пријават на броевите: 071/291/885 и 072/221/672.

Ждрепката ќе се одржи наредниот ден во сабота 18 часот во просториите на општинска организација СДСМ Куманово.