Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на СДСМ Куманово, денеска се пофалија дека 10 илјади кумановци синоќа присуствувале на мирниот протест на опозицијата, со што покажале дека се незадоволни од владеењето на Никола Груевски.
Граѓаните на Куманово уште еднаш, како многу пати досега покажаа дека им е доста од владеењето на оваа власт. Околу 10 илјади жители на градот Куманово, реки од луѓе, го изразија својот револт и отпор низ улиците на градот. Колоната на која не и се гледаше крајот, само покажува дека на народот му е доста од овој режим и од оваа власт. Земјоделци, стечајци, студенти, доктори, професори, политичари и сите оние неопределени заедно застанаа во одбрана на демократијата и слободата. Оваа прилика ја користам од името на општинската организација на СДСМ Куманово, од името на градоначалникот Зоран Дамјановски и од мое лично име да им се заблагодарам на сите оние кои вчера храбро излегоа и ни ја дадоа својата поддршка. Отпорот продолжува, диктаторскиот режим мора да падне - изјави Мартин Костовски, секретар на ОО на СДСМ Куманово.
Партијата и понатаму ќе бара форми на мирен начин да манифестира незадоволство како што беше досега со блокирањето на фреквентните улици.