Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По пласирањето на информацијата дека членови на СДСМ ќе заминат во ново формираната партија на Владо Бучковски, портпаролот Сашо Тодоровски тврди дека нивниот број е незначителен.
Во среда во 18 часот претседателот на партијата, Зоран Заев ќе врачи партиски книшки на нови членови. Со овој податок се негираат информациите дека членството ни се намалува. Можеби има некој мал број луѓе кои ја напуштиле партијата, но тоа е безначајно. Најдобриот одговор ќе го добиете ако дојдете во среда во големата сала во комитет и ги видите нашите нови членови. Ќе имаме доделување на партиски книшки на нови 500 членови - вели Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.