СДСМ ќе објави „бомба“ во Куманово
        31.03.2015 11:45
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      СДСМ утре во Куманово ќе обелодени уште една од т.н.“бомби“, каде јавно ќе се пуштаат прислушкувани телефонски разговори.
                  Објавувањето на бомбата ќе биде во 14 часот.
Пред Велигден „бомби“ ќе бидат објавувани во повеќе градови во Македонија.
Планирано е на 4 април да има “бомба“ во Прилеп, а на 8 април во Битола. Распоредот за тоа кога и каде ќе се објавуваат прислушкуваните разговори, го најавија од општинската организација на СДСМ Битола.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



