×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Да се врати бистата на Магдалена Антова и да не се уништува култот на Соколана

    29.04.2025 15:05 | KumanovoNews

    Од Општинската организација на СДСМ Куманово на прес конференција обвинија за негрижа кон културното наследство и лошо изведена реконструкција на Соколанскиот парк.

    СДСМ: Да се врати бистата на Магдалена Антова и да не се уништува култот на Соколана

    Драгана Коцевска, портпаролка на ОО СДСМ Куманово ја обвини локалната власт и градоначалникот Максим Димитриевски, за неодговорно однесување кон Соколанскиот парк, кој еден од култните обележја на градот.

    „Соколана е едно од главните обележја на Куманово, урбано и култно место за градот но, за жал сведочиме на нејзиното деградирање. Пример за тоа е исчезнувањето на бистата на народниот херој Магдалена Антова, која речиси две години ја нема. Градоначалникот е секогаш прв партизан кога се работи за популистички изјави во медиумите, меѓутоа тука во Соколански парк на дело се гледа неговата “почит“ кон нашите партизани. Магдалена Антова е народен херој, учесничка во НОБ, членка на Карадачкиот одред и нејзината биста гордо стоеше во овој парк со години, но со квази реконструккцијата на Соколански парк ја снема и бистата на овој народен херој. Згора на тоа неквалитетната подлога на патеките во паркот веќе стана и пречка за безбедноста на минувачите и дечињата. Покрај Градскиот парк и малиот плоштад градоначалникот Максим и со овој проект докажа дека ги троши парите на граѓаните на половични и неквалитетни реконструкции. Апелираме да се врати бистата на Магдалена Антова, да се почитува нашето културно наследство и нашите херои од антифашистичката борба, како и да се одржуваат нашите паркови и зелени површини кои и така ги имаме во мал број“, кажа Коцевска.