Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на СДСМ и вработени во ЈП “Чистота и зеленило“ утре во 12 часот ќе чистат во месната заедница Тоде Мендол.
Со оваа акција, како и со наредните кои следуваат сакаме да ја поттикнеме еколошката свест кај сите, посебно кај помладите сограѓани. Затоа ги повикуваме сите граѓани како од оваа месна заедница, така и од градот да излезат во што поголем број и да се вклучат во акцијата, со една цел - сите заедно да создадеме чиста и здрава еколошка средина во која ќе живееме - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
СДСМ Куманово и понатаму продолжува со организирање на еколошки акции во саботите низ градот.