×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Кумановци не се граѓани од втор ред

    15.02.2010 13:15 | KumanovoNews

    Општинската организација на СДСМ денеска на пресс-конференција ја обвини Управата за јавни приходи дека изрекува максимални казни од 5000 евра на сопствениците на фирмите во Куманово, само затоа што локалната самоуправа не е во рацета на ВМРО-ДПМНЕ.

    СДСМ: Кумановци не се граѓани од втор ред

     Тие јавно прашаа по кој критериум УЈП ги одредува казните на фирмите и зошто за ист прекршок некои плаќаат минимални 500 евра, додека на други им се одредуваат енормно високи казна.

      -Ако буџетската каса по овој основ се полни најмногу од градовите каде што СДСМ ја има власта, барем мал дел од тие пари нека се тарсферираат во тие места. Некој од централната власт нека се сети дека Куманово е најголема локална самоуправа во Македонија и град со над 107 000 жители. Градската болница во Куманово е во катастрофална состојба, а пружа здравствени  услуги на 6 општини во регионот со над 200 000 жители. Работи со застарена опрема, нема основни сретства за работа, копјутерски томограф и респиратор. Лекарите и останатиот медицински персонал секој месец се во неизвесност дали ќе добијат плата за нивната работа - рече портпаролот Дарко Станојковски.

    Од СДСМ ја повикуваа владејачката ВМРО-ДПМНЕ, да не биде за едни мајка за други маќеа,  бидејќи граѓаните на Куманово не се граѓани од втор ред, затоа што не дале подршка на нивната партија на локално ниво, па сега да се казнуваат на ваков начин.

      Тие прашуваат каде Владата ќе ги потроши парите од казните: дали за зајакнување на економијата, помош на стечајците и земјоделците или за реализација на проектот „Скопје 2014„ и нови владини реклами.

    Реакцијата на СДСМ уследи по изрекувањето на казните на УЈП на дел од фирмите од градот што не непријавиле ДДВ.