×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ на голема врата се враќа во Куманово, кажа Ристовски по изборот на Филиче за лидер на партијата

    07.04.2025 14:01 | Оливера Пешевска

    Претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово Дарко Ристовски, го поздрави изборот на Венко Филипче за претседател на партијата и најави победнички кандидати од нивните редови.

    СДСМ на голема врата се враќа во Куманово, кажа Ристовски по изборот на Филиче за лидер на партијата

    „СДСМ на голема врата се враќа во Куманово. На вчерашните внатрепартиски избори Венко Филипче освои 655 гласoви, тројно повеќе од претходните избори. На централно ниво претседателот освои 18.000 гласови, односно двојно повеќе од претходните избори во СДСМ. Тоа говори дека СДСМ ја враќа довербата на членството и покажува дека новото раководство ја носи партијата на победничките патеки“, истакна Ристовски на денешната прес конференција.

    Тој се заблагодари на членовите кои гласале за претседател на партијата, но констатираше дека со тоа и раководството на локалниот огранок ја има поддршката од сопартијците. Вети дека ќе го предводи огранокот на СДСМ во нови победи и успеси.

    Воедно се осврна и на владејачката коалиција, за која смета дека граѓаните ја разобличиле.

    „Граѓаните многу бргу ја разобличија и сфатија измамата на „Франкенштајн“ коалицијата ДПМНЕ- ЗНАМ и цврство верувам дека на претстојните локални избори кумановци ќе го дадат својот глас за кандидатот од редовите на Социјалдемократскиот сојуз.

    СДСМ е повторно силна и обединета, а само со силна и обединета СДСМ Македонија може да оди напред“, порача Ристовски.