×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    21.05.2025 19:58 | KumanovoNews

    Општина Куманово е само алатка за остварување на приватните бизнис интереси на градоначалникот Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски. По скандалот со продажбата на земјиштето кај поранешен ЧИК, излегува нов сомнителен случај – нов скандал, шеми со станови вредни околу 140.000 евра, кажа на прес-конференција сооветничката на СДСМ Атина  Мургашанска.

    СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    „Во 2010 година, Максим Димитриевски купува 10.000 м² земјиште за 10.000 евра. Односно по едно евро за квадрат. Тогаш не е градоначалник, но токму ова земјиште подоцна, кога станува градоначалник, е клучна алатка за оваа сомнителна шема.
    Во меѓувреме компанијата „Евгенија план“ ДОО увоз-извоз Куманово, добива дозвола за градење и гради зграда. Но, подолг период од непознати причини, оваа компанија не можела да добие технички прием. Димитиевски станува градоначалник, компанијата не добива дозвола за технички прием, сè до моментот кога кумот на Димитриевски купува два стана во зградата од по 97 кавдрати. Потоа, техничкиот прием е одобрен. Еве го купопродажниот договор за двата стана од по 97 квадрати на кумот на Максим, од август 2022 година. Само неколку месеци потоа, истата 2022, еден од тие станови кумот му го префрла на Максим Димитриевски со размена на недвижност. Ама не за реалната цена од околу 70.000 евра, туку за 2.500 евра. Како е можно стан во Куманово од 97 метри квадратни да го добие Димитриевски за само 2.500 евра? Преку размена за една четвртина од ливадата купена во 2010 година, за едно евро по квадрат. Значи Димитриевски се стекнал со стан во Куманово од 97 квадрати вреден 70,000 евра за само 2.500 евра. Овој скандал отвора сериозни прашања за можна корупција, перење пари и судир на интереси кои мора да бидат расчистени целосно. Дали станува збор за перење пари? Дали е ова дел од коруптивна шема поврзана и со техничкиот прием на зградата? Дали градоначалничката функција е злоупотребена за приватен профит? СДСМ бара итна истрага од надлежните институции. Куманово заслужува чесно раководство, а не станбени афери и злоупотреби. Јасно е дека Димитриевски не работи за Куманово, туку за себе и за блискиот фамилијарен круг. Но, Куманово не е негова семејна компанија“, кажа Мургашанска.