СДСМ организира голема прослава на Бадник
05.01.2016 12:27
| KumanovoNews
Општинската организација на СДСМ Куманово утре во 21 часот, на Градскиот плоштад организира голема прослава на Бадник.

Прославата ќе биде збогатена со културно-уметничка програма, делење на лепчиња со паричка еден златник и десет сребреници, топли напитоци и бадникови гранчиња.
„На овој празничен ден од свое лично име и од името на општинската организација на СДСМ, ги повикувам сите граѓани на Куманово, да ни се придружат и заедно во мир, спокојство и радост да го дочекаме Христовото раѓање“- вели Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
Партијата прослава за Бадник организира по 22-ри пат.