СДСМ организира крводарителска акција
29.07.2014 10:29
| KumanovoNews
Во просториите на СДСМ во зградата на Комитет задутре од 11 до 17 часот ќе се одржи крводарителска акција.

Крв ќе даруваат членови и симпатизери на партијата.
- Доброволното дарување на крв како хуман гест претставува морален чин кој во себе носи благородно чувство да се помогне некому. Дарувањето на крв претставува израз на високи етички, хуманитарни и морални вредност, но истовремено и граѓанска должност и обврска на секој човек - велат од СДСМ.
Акцијата е традиционална и се организира во соработка со Црвен Крст Куманово.