Мени

Седницата е прекината поради немање кворум, немаше најава за отсуство на советниците, тврди Ѓорѓиевска

31.08.2026 18:37 | KumanovoNews

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, реагира на соопштението на советниците од СДСМ и коалицијата, кои тврдат дека денешната седница на Советот на Општина Куманово била прекината поради несогласувања меѓу коалициските партии од владејачкото мнозинство без да се донесат програмите за работа на основните и средни училишта.

Седницата е прекината поради немање кворум, немаше најава за отсуство на советниците, тврди Ѓорѓиевска

Таа тврди дека седницата била прекината поради немање кворум, откако по петминутната пауза дел од советниците не се вратиле во салата. 

„Седумнаесеттата седница на Советот на Општина Куманово беше прекината поради немање кворум за работа. После дадената пауза од пет минути голем број од советници не се вратија на седницата и најавија отсуство, и покрај тоа што координаторите на советничките групи беа на координација за седумнаесеттата седница на Советот и не најавија отсуство на нивни советници од седницата. Согласно Деловникот ја прекинав седницата и најавив дека продолжението на истата дополнително ќе биде закажано“, стои во соопштението.

Во реакцијата, сепак, нема одговор на прашањето дали постојат коалициски несогласувања, и како ќе се одрази на образовниот процес тоа што не се усвоени програмите за работа на основните и средните училишта во општината.