Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови и симпатизери на СДСМ синоќа ја блокираа раскрсницата пред зградата на комитет во знак на граѓанска непослушност.
На ваков начин на власта сакаат да и покажат дека се против диктатура и бараат враќање на демократијата во земјава.
Секако дека Клубот на жени на СДСМ го поддржува овој мирен протест. Самите знаете дека овие протести се по повод диктаторскиот режим на сегашната Влада и на Никола Груевски. Видовте што се случи со нашите парламентарци, дека беа грубо со полиција исфрлени од Парламентот. Затоа ние протестираме, ќе продолжиме и одиме до крај. Се виде од снимките како беа жените тегнати, влечени по подот и целосно сме против насилство. Имаме и повредени жени - вели Драгица Велковска, координатор на Клуб на жени на СДСМ Куманово.
СДСМ продолжува во знак на револт половина час да ги блокира фреквентните сообраќајници низ градовите во Македонија.