×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Силно вложуваме во здравството и здравствените работници

    19.06.2020 12:59 | KumanovoNews

    Силно вложуваме во здравството и здравствените работници. Наследивме уништен здравствени систем, вложивме за да го застанеме на нозе. Го пуштивме во употреба новиот Ургентен центар во Куманово, рече на денешната прес-конференција Лидија Тасевска, кандидат за пратеник од СДСМ, Куманово.

    СДСМ: Силно вложуваме во здравството и здравствените работници

    Таа потенцираше дека тие како партија, вложиле во сите сегменти: инфраструктура, опрема, терапија како и персонал за функционално и квалитетно здравство за сите. Реализирале капитални инвестиции во реконструкциите и обнови на повеќе од 30 јавно здравствени установи ширум државата.

    „Целосно ги реконструиравме Одделението за интензивна нега на Клиниката за неврохирургија, Клиниката за хематологија, Клиника за пластична хирургија, за дигестивна хирургија, за гастро ентерохепатологија. Целосно се реновираа операционите сали на Клиниката за ортопедија каде се изведуваат најсофисицирани операции, како и службите за Итна медицинска помош во Здравствените домови во Велес и Битола. Ги пуштивме во употреба новиот Ургентен центар во Куманово и Кардиоваскуларниот центар во Градската општа болница „8 Септември“. Од темел го изградивме новото одделение во Психијатриската болница во Негорци и машкиот павиљон во Психијатриската болница во Демир Хисар. Ја завршивме првата фаза од реконструкцијата на специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски" во Скопје, а во завршна фаза е Специјалната болница ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Во Поликлиниката "Железара" формиравме нов дијагностички кабинет, ги обновивме кабинетите за физикална и рехабилитациска медицина и набавивме најмодерн едицинска опрема за подобра здравствена грижа за пациентите“, рече Тасевска.

    Таа додаде и дека, тие како партија вложуват и во подигање на нивото на здравствената заштита за пациентите и подобри услови за работа за здравствените работници. Потенцираше дека обезбедиле најсовремени медицински апарати за здравствени установи на територијата на целата земја за точна и прецизна дијагностика и соодветен третман на пациентите и 12 нови возила за итната медицинска помош.

    И во услови на најголемата светска здравствена криза, како што рече таа, не престануваат со работа, туку ја завршуваат изградбата и опремувањето на Општата болница во Струмица, со што повеќе од 200.000 жители од Струмица и околните општини, ќе добијат нова јавна здравствена установа, опремена според највисоки стандарди.

    „Ја поставивме монтажната болница до инфективната клиника во Скопје како дел од мерките против коронавирусот. Таа сега се користи како Ковид центар, но во иднина ова ќе биде ургентен центар на инфективната клиника за тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, во зависност од здравствена состојба. Ја поставивме на површина од повеќе од илјада метри квадратни, нефункционален и со децении неискористен простор“, рече Тасевска, која цврсто стои на ставот дека СДСМ континуирано работи за да се обезбеди стабилен здравствен систем, навремена услуга и услови за лекување на сите граѓани.

    (Ф.Марковскa)