Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Холот во зградата на поранешен Комитет, пред просториите на партијата беше претесен да ги собере сите кои дојдоа на новогодишно дружење.
Општинската организација на СДСМ синоќа за своите членови и пријатели организираше новогодишен коктел. Холот во зградата на Комитет, пред просториите на партијата беше претесен да ги собере сите кои дојдоа на новогодишно дружење.Секретарот на партијата Мартин Костовски истакна дека СДСМ 2010 година ќе ја запамети како мошне успешна година во која ја исполниле нивната програма во локалната самоуправа и Советот.
Сите ветувања што ги дадовме пред граѓаните максимално се потрудивме да ги исполни.Се надевам дека граѓаните го препознаваат тоа и задоволни се од нашата работа.Во поглед на нашите политички опоненти ВМРО-ДПМНЕ,и оваа година го покажа нивното лицемерие во однос на градот и граѓаните на Куманово. Останаа само ветувањата дека ќе направат нешто, а при тоа не преземаат ништо, и сите гледаме на кое политичко ниво падна нивната комуникација на прес конференциите. СДСМ и во наредната година ќе продолжи силно и чесно да чекори во нови успеси по патот што го трасираше, и да ги реализира проектите во интерес на граѓаните. Оваа прилика ја користам на сите граѓани да им ја честитам Новата година и да им посакам многу здравје и среќа и се надевам на заедничка победа на предвремените парламентарни избори - рече Костовски.
На присутните им се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски, кој ги поздрави и им посака уште многу години заеднички резултати и прослави.