Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се асфалтира улицата “Белановска“ во населбата Доброшане.
Од локалната самоуправа информираат дека ќе бидат асфалтирани 800 метри односно 2400 метри квадратни, а работите ги изведува фирмата КООП инженеринг.
Се надевам дека на овој начин ќе ја ублажиме состојбата во овој дел на градот. Ова е потреба на граѓаните од многу одамна. Имаме уште 10 отсто од работите за тековно одржување. Се надевам дека од ноември месец ќе имаме нова постапка бидејќи констатиравме дека има голема потреба од санација на постоечка патна инфраструктура. Куманово има околу 185 км патна инфраструктура во целиот опсег, кои само да се одржуваат има огромни потреби“- изјави градоначалникот.
Жителите од улица “Белановска“ рекоа дека порано улицата имала тенок слој асфалт, но брзо се ископал и во последните 7-8 години е во лоша состојба.
Сите од тука поминуваат на горната улица. Благодарение на градоначалникот и општината се асфалтира. Месна заедница Вера Которка има 600 куќи“- вели Димчо Стојмановски, претседател на месна заедница Вера Которка.
Жителите велат дека водовод и канализација имаат, но им недостига простор за месна заедница каде би можеле да одржуваат состаноци.