×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Се бара нов маж“ вечерва на Денови на комедија во Куманово

    01.10.2024 10:29 | Оливера Пешевска

    Со претставата „Се бара нов маж“ на Драмско-куклениот театар од Плевен, Бугарија, вечерва продолжува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2024“ во Куманово.

    „Се бара нов маж“ вечерва на Денови на комедија во Куманово

    Досега се одиграни шест претстави, а на фестивалот присуствувале околу 3 илјади посетители.

    Во четврток гостува Театар Штип со „Женидба“, а во петок е претставата „Кокошке“ на Народниот театар од Ниш, Србија.

    Претставите се играа главно во преполна сала, а според интересот на граѓаните за набавка на билетите се очекува таа пракса да продолжи и до крајот на фестивалот. Надлежните се задоволни од одѕивот, но и од досегашните реакции на публиката, што само го потврдува квалитетот на прикажаното и на фестивалот во целост.

    На Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2024“ се одржа и промоција на книги и изданија од театарската дејност на Стеријно позориште од Нови Сад, Србија.

    „Гостуваше извршниот директор Горан Ибрајтер, со кога начелно постигнавме договор за соработка и евентуално гостување на Театар Куманово во Нови Сад. До сега не постоела таква соработка, никогаш сме немале гостување таму, искрено се надеваме дека ќе имаме претстава која ќе ја помине селекцијата и ќе гостува во Нови Сад. Ова е голема можност за нас како институција и театарски ансамбл“, истакна директорот Сашо Тодоровски.

    Следната недела, на 8 октомври ќе се одржи премиерата на „Ноќ спроти водици“ на Театар Куманово, комедија на Вилијам Шекспир, со што ќе се затвори официјалната фестивалска програма. На првата реприза на кумановската претстава, на 9 октомври ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, машка и женска улога, сценографија и костимографија.

    Фестивалот е поддржан од Министерство за култура со 600 илјади денари и Советот на Општина Куманово со 330 илјади денари, а помагаат и спонзорства од приватни компании од градот.