Мени

Се чисти снегот од улиците, засега нема проблеми, велат од „Чистота“

21.01.2026 09:45 | KumanovoNews

Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и јавните површини во Куманово.

Се чисти снегот од улиците, засега нема проблеми, велат од „Чистота“

Според директорот, Сашо Томиќ, од 7 часот три екипи со соодветна механизација го отстрануваат снегот од сообраќајниците во централното градско подрачје, а активностите постепено се прошируваат и кон периферните делови на градот.

„Веднаш штом започнаа врнежите, излеговме на терен. Главните улици во градот се расчистени и проодни. Располагаме со доволни количини сол. Се чисти снегот и од плоштадот, како и од пристапите до болницата и другите витални објекти во градот“, изјави Томиќ.

Тој апелираше до граѓаните за трпение и посочи дека сите улици ќе бидат расчистени согласно приоритетите утврдени од Општина Куманово.

Оваа година, за зимското одржување на улиците во Општина Куманово е надлежно ЈП „Чистота и зеленило“, за разлика од минатите години кога градот беше поделен во две зони, а дел од работите ги извршуваше приватна фирма.