Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипи на ЈП „Чистота и зеленило„ деновиве работат на чистење и уредување на Стариот парк зад автобуската станица. Во паркот се коси исушената трева, се собира и изнесува ѓубрето, а со цистерни и со вода од реката се полеваат тревните површини и дрвјата.
Се работи за тековно одржување на паркот за да се создадат подобри услови за престој на граѓаните во летниот период- велат од претпријатието.
Граѓаните кои престојуваат во овој парк, задоволни се што конечно почна да се уредува и овој простор, но бараат од општината да се постават клупи, да се осветли и огради паркот за да може во него да се остане и навечер кога ќе залади.
Стариот парк некогаш беше гордост на градот, а сега е запуштен и во очајна состојба. Градските власти премногу внимание посветуваат на Градскиот кеј и Соколанскиот парк, наспроти најстариот парк кој со години наназад трпеливо чека да дојде на ред, исто како и граѓаните кои живејат во тој дел од централното градско подрачје.