×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се дезинфицираат јавните површини во Куманово

    20.03.2020 18:37 | KumanovoNews

     Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, интензивно работат на дезинфекција на јавните површини во градот, каде фреквенцијата на луѓе е поголема и постои опасност од пренесување на корона вирусот.

    Се дезинфицираат јавните површини во Куманово

    Досега извршена е дезинфекција на двата плоштади, занаетчискиот дом, училишта, урбана опрема, автобуските постројки, детски катчиња, тениски игралишта, катна гаража и улиците тротоари во централното градско подрачје.

    - Паралелно продолжува и процесот на перење на улиците и дезинфекција со посебно средство на целокупната урбана опрема: садови за смет, мали канти, корпи за отпадоци, клупи, постројки и заштитни столчиња на коишто исто така се пренесува вирусот. Се претпоставува дека вирусот се пренесува и преку асфалтот, затоа оваа акција интензино ќе трае во наредните денови,- вели Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово.

    Од денеска започнаa истите активности и во приградските населби и селата во Куманово.

    Општинскиот кризен штаб, побара од управителите на станбените објекти да извршат дезинфекција на влезовите, заедничките простории, лифтовите на сите станбени згради во Општината.