Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мултимедијалниот цента „Карпино„ ги приведува при крај подготовките за одржување на годинешнава „Пивтијада 2010„. Во сабота се сварија пивтиите, кои на гостите во ресторанот „Грација„ ќе им се поделат утре вечер на самата манифестација.
-Ставивме да се вари месо за 650 чинии пивтии, од кои 450 ќе бидат за потребите на манифестацијата, а околу 170 ќе ги подариме во Домот на стари лица.Минатите години пивтиите ги варевме на традиционален начин во казани, но оваа година поради воведување на хасап-системот, тие се варат во специјален лонец - вели Зоран Павловски, претседател на здружението.
Куманово е еден од ретките градови каде пивтиите се варат само за Водици, додека другите делови на државата тие се готват во текот на целата година.
Оваа пивтијада е сема по ред и на неа ќе има учесници од Србија, Унгарија, Хрватска и други земји.