Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Старо Нагоричане со донации обезбеди пари за асфалтирање на дел од патот кон манастирот Карпино.
Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, за проектот Сув Ора - Карпино oдобрила средства во висина од 7,5 милиони денари за 1 км асфалтен пат.
Работите се во завршна фаза, меѓутоа од временските услови ќе зависи дали ќе го асфалтираме. Со сретства од Агенцијата и од буџетот на Општина Старо Нагоричане се гради овој пат кој е многу важен за да се стигне манастирот Карпино. Треба да се изградат уште 6,5 км за да се заврши патот до крај, но за тоа треба големи инвестиции. Ние почнавме сега, се надевам дека во наредните години ќе го завршиме. Манастирот Карпино е од голема важност за нашиот крај, заради негова обнова и развој на туризмот - изјави Миодраг Јовановиќ, градоначаник на Општина Старо Нагоричане.
Изведувач на работите е ГП “Бетон“ од Скопје, а за оваа намена ќе бидат потрошени 7,5 милиони денари.