Се гради пругата Бељаковце - Крива Паланка
17.11.2014 09:29
| KumanovoNews
Пругата од село Бељаковце до Крива Паланка ќе се гради со 145 милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

Со овие средства ќе се заврши втората фаза за поврзување на пругата кон Република Бугарија. Со изградбата на оваа делница ќе се создадат поволни услови за насочување на економијата кон меѓународниот глобален пазар, поттикнување на инвестициите и зголемување на бруто домашниот производ.
Кредитот е со рок на отплата 15 години со грејс период од 4 години и каматна стапка која во моментов изнесува 1,15 отсто, соопшти Министерството за финансии.