Се гради трета фаза од водоснабдителен систем во Липково
25.09.2014 08:54
| KumanovoNews
Во општина Липково вчера започна изградба на првиот и третиот крак од проектот водоснабдителен систем.

Според министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири овој проект ќе донесе бенефит и за соседните општини Куманово и Арачиново.
“Ова е проект за регионалниот водоснабдителен систем во Липково. Средствата се одобрени од Владата во вредност од 59 милиони денари и се очекува целиот проект да се заокружи за 16 месеци“ - рече Изаири.
Во првата фaза е опфатена општина Липково, а потоа ќе биде опфатен и дел од општина Куманово.
Работите ги изведува фирмата “Вардар градба“ од Трубарево.