Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последната акција комуналните редари и ветеринарите фатиле 25 кучиња скитници во градот. Кучињата се згрижуваат во стационар во селото Четирце.
Тоа се кучиња заловени на територијата на Општина Куманово. Овие кучиња добиваат третман, вакцина, преглед од ветеринар. Во стационарот остануваат 30 дена и ако некој се јави ќе бидат вдомени, ако не оние кои се здрави се враќаат од местото од каде се заловени, а за болните се применува еутаназија. Капацитетот на сместувалиштето во Четирце е за 40 кучиња. Се случува граѓани да се јават да вдомат куче, меѓутоа ги земаат додека се мали. Имаме писмени, усмени дојави од граѓани на кои овие кучиња им пречат - вели Гордан Таневски, комунален редар во Општина Куманово.
Тој објаснува дека од лани лето досега се фатени 250 кучиња. Акциите ќе продолжат во континуитет, а за оваа намена ќе бидат потрошени 900.000 денари, пари одобрени од Советот на Општина Куманово за период од една година.