Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жители на селата Младо Нагоричане, Градиште, Табановце и Горно Којнаре се заинтересирани за одгледување на лешници и ореви.
Во кумановските села засега има тројца луѓе кои засадија лешници, но и други се распрашуваат. Уште четворица очекуваме да се зафатат со одгледување на вакви дрвца. Ние им кажуваме дека лешникот успева онаму каде има вода и поголема влажност на воздухот. Ако веќе се одлучат да подигнат насади со лешници, ореви, убаво е да користат систем капка по капка. Три декари е минималната површина за која државата дава субвенции - објаснува Живка Наумова, раководител на регионален центар на Агенција за потикнување за развој на земјоделството.
За хектар засаден со ореви и лешници субвенциите се 100.000 денари годишно. По три години за оддржување на насадите државата дополнително ги помага земјоделците.