Мени

Се намалува ДДВ на горивата од 18 на 10 отсто

22.03.2026 20:10 | KumanovoNews

Данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата да се намали од 18 на 10 отсто, одлучи денеска Владата.

Се намалува ДДВ на горивата од 18 на 10 отсто

Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека оваа одлука е донесена со цел да се спречи ценовен шок.

„Врз основа на анализите на Регулаторната комисија за енергетика и состојбите на глобалниот пазар и берзите, се очекува на утрешната седница да предложат ново зголемување на цените на горивата и тоа за бензинот од 6,5 денари, а за дизелот од 10,5 денари за литар. Тоа би значело дека доколку не донесовме одлука за намалување на ДДВ, Еуросупер БС 95 ќе поскапеше на 93 денари, Еуросупер БС 98 на 95 денари, а дизелот на 102,5 денари. Со оваа наша одлука нема да имаме поскапување на бензинот, а дизелот ќе поскапи за 3,5 денари“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека освен веќе договорениот попуст од два денари за литар, ќе разговараат со „Окта“ за зголемување на попустот кон трговците, но најави дека очекува и тие да намалат дел од својот профит додека трае кризата.

Намалувањето на ДДВ стартува од 24 март и оваа мерка ќе трае две недели.