×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се нормализира водоснабдувањето во градот ?!

    03.01.2010 13:02 | KumanovoNews

    Семејствата кои живеат во повисоките зони и централното градско подрачје денеска конечно добија вода. По неколку дневен прекини водоснабдувањето засега е нормализирано откако Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ го стави во функција индустрискиот вод и обезбеди дополнителни 40л/с вода до Филтер станицата, а истовремено започнало и полнењето на акумулацијата Липково.

    Се нормализира водоснабдувањето во градот ?!

    Одлуките за преземените мерки биле договорено на синоќешниот состанок на кризниот штаб на локалната самоуправа каде присуствувале и пратеникот Петар Поп Арсов, градоначалникот Зоран Дамјановски  и директорите на Водостопанство „Кумановско - Липковскo поле“ и ЈП „Водовод“.

    Во соопштението од Водостопанство се вели дека овие дејствија ќе влијаат во зголемување на капацитот на дотур на вода, но на подолг период ќе го доведе до исцрпување на хидро потенцијалите во езерата и евентуален недостиг од вода во летниот период. Проблемот со недостаток со вода, Водостопанство го лоцира во стариот и оштетен цевководен систем на ЈП „Водовод“, кој мора во најкратко време да се реконструира за да се избегнат понатамошни проблеми. Од таму тврдат дека пуштањето на индустрискиот вод предизвикало поплави во селото Лопате поради што екипи на Центарот за управување со кризи се на терен и работат на отстранување на последиците.

    Од ЈП „Водовод“ вината за немањето вода ја префрлаат кај Водостопанство и тврдат дека тие од политички причини намерно ја испразниле браната Липково и го намалиле дотурот на вода за да покажат дека недомаќински работат.

    Двете претпријатија подолг период не можат да се договарат и околу цената на водата и со тоа го пролонгираат потпишувањето на договорот за соработка што предизвикува дополнителни тензии и нетрпеливост.