Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонски државјанин се обидел да изнесе 10.000 евра на граничниот премин Табановце.
На возачот откако му била извршена пасошка проверка, не застанал за царинска контрола, но бил вратен од страна на полициските службеници од граничниот премин. Потоа уследила детална контрола на возилото и личен претрес, при што во задниот џеб од панталоните на возачот биле пронајдени 10.000 евра, за што не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите 8.000 евра, се задржани.