×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се обврзуваме на проекти и обнова на Македонија, порача Мисајловски

    27.06.2020 12:49 | KumanovoNews

    Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ во Втората изборната единица Владо Мисајловски, денеска во Куманово ја промовираше изборната програма. Притоа најави позитивна кампања за изборите.

    Се обврзуваме на проекти и обнова на Македонија, порача Мисајловски

    „ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од сите останати. Ние се залагаме за проекти и за обнова на Македонија. Додека СДСМ велат дека можат повеќе да работат, јас мислам дека они можат повеќе да крадат, да продолжат со мито и корупција и да не угнетуваат. Затоа ние ќе ја обновиме Македонија и ќе продолжиме со позитивна кампања. Овој град е прекрасен град и заслужува убави нешта и сигурна иднина, која што ќе ја пружи ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мисајловски.

    При денешната посета Мисајловски се сретнал со граѓаните кои сакале да се запознаат со нивната програма, а имал состанок и со кумановските уметници, за кои вели дека се авангарда не само во градот туку и во државата и во светот.

    „Тие треба да бидат на пиедесталот, ние треба да се посветиме и како нова влада и како политичари, тие да бидат ценети. Во Куманово има прекрасни луѓе кои ја промовираат Македонија. Кога ќе завршат изборите ние повторно ќе бидеме тука“,  додаде Мисајловски.

    Тој вели дека добива поддршка од граѓаните во борбата за обнова на државата и на проектите што ќе ги реализираат во наредните 4 години, откако ќе ја освојат власт.

    „Кумановчани велат дека е редно некој да се фати за работа во Куманово. Незадоволни се од третманот на локалната власт, поради тоа што градот не само што не се развива, туку и она што некогаш било направено не се одржува. Не се задоволни ниту од централната власт, за која велат дека го понижила сопствениот народ, газејќи преку идентитетот на нашата држава. Јасно ми укажаа дека во Куманово обновата е неопходна и дека во градот, но и со целата држава мора да раководат луѓе кои искрено и со чесна намера ќе сакаат да работат за доброто на граѓаните“,  вели Мисајловски.

    При посетата на Куманово, со Мисајловски, беа и кандидатите за пратеници: Иван Стоиљковиќ,Гордана Тошевска, Бране Петрушевски, Кети Димковска и Тихомир Арсовски.

    (С.Н)