×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се очекува невреме за викендот

    14.08.2015 11:06 | KumanovoNews

    За време на викендот претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР.

    Се очекува невреме за викендот

    Во недела под влијание на продор на влажна и нестабилна воздушна маса од запад нестабилноста ќе биде поизразена и ќе се задржи и во текот на ноќта, како и во понеделник.

    На места ќе има пообилни врнежи од дожд, силни електрични празнења и повремено засилен ветер, понекаде во форма на невреме со појава на град. Во вторник и среда ќе биде претежно стабилно, а дневната температура ќе биде малку пониска, во интервал од 27 до 35 степени. - велат од УХМР.

    Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.