Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во градската библиотека “Тане Георгиевски“ денеска се оддржа натпреварот “Млади библиотекари“ на кој учествуваат ученици од основните училишта во градот.
Станува збор за традиционален општински натпревар кој библиотеката го организира веќе 11 години. Се е тоа во рамки на големата манифестација “Месецот на книгата“ која започнува од денеска и трае до 15 ноември во целата земја. Во тој период правиме многу активности со намера да ја популаризираме книгата, да биде таа подостапна до корисниците, читателите, корисниците на фондовите на библиотеката - вели Нада Ивановска, директор на библиотеката “Тане Георгиевски“.
Во текот на “Месецот на книгата“ ќе бидат организирани промоции на книги.
Најдобриот од „Млади библиотекари“ ќе учествува на државен натпревар во Неготино.
Победниците ќе бидат познати попладнево.