×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се оддржа општински противпожарен квиз

    20.11.2013 10:47 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска се оддржува 29 - от општински противпожарен квиз натпревар.

    Се оддржа општински противпожарен квиз

    На тема противпожарна заштита се натпреваруваа екипи од 8 основни и од 4 средни училишта. Училиштата претходно организираа интерни натпревари за да ги изберат најдобрите ученици на ниво на училиште.

    Темата е заштита од пожари во урбана средина, во затворен простор и гасење. Имаме ученици кои ќе се натпреваруваат во категорија кадети и сениори, односно по 3 ученици од секое училиште. Најдобрите ученици ќе учествуваат на регионален натпревар во Пробиштип - вели Часлав Јовановиќ, секретар на Општински противпожарен сојуз.

    Членовите на жири комисијата велат дека се задоволни од големиот интерес на учениците за учество на квизот.

     Ние сме задоволни со масовноста која тие ја пројавуваат со пријавување за учество. Ова ќе биде само теоретски натпревар, а се надеваме дека во иднина ќе продолжи една традиција која што постоеше порано каде што децата се напреваруваа практично. Се надевам дека ова повторно ќе го реализираме - вели Марјан Денковски, член на жири комисија и  претседател на Општински противпожарен сојуз.

    Победниците ќе бидат познати во текот на денот по завршување на квизот.