Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“Отворени денови со Централен регистар“ се оддржуваат денеска во Куманово, со цел работата на оваа институција да се доближи на граѓаните.
“Отворени денови со Централен регистар„ во Куманово се организираат по вторпат. Претходно во март годинава, вратите на институцијата беа отворени за граѓански прашања.
Минатиот пат граѓаните најмногу се интересираа околу акцијата за бришење на компании. Очекуваме и денеска за истото да прашуваат. Сакаме да го промовираме и новиот систем на е - потврди. Тој систем е посебно погоден за јавни набавки. Имаат можност граѓаните со најавување во системот да добијат потврди кои што им се потребни за јавни набавки. Секој граѓанин ќе биде подеднакво испочитуван, а ние ќе настојуваме како тим да дадеме соодветен одговор - изјави Жаклина Танушевска, советник во Централен регистар на Македонија.
Паралелно во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ беше презентирана постапката за електронското регистрирање на фирма и поднесување на годишни сметки.
Ние преку регистрациониот агент даваме можност од својата канцеларија, од дома каде што има интернет да може граѓанинот да регистрира трговско друштво. Тоа веќе функционира. Од ден на ден регистрационите агенти се зголемуваат. Бројката се движи околу 120 - 130 регистрациони агенти на ниво на држава. Секој граѓанин може преку регистрационите агенти без физичко присуство во канцеларија на Централен регистар да регистрира трговско друштво - додава Танушевска.
Странките до 16 часот во просториите на Централен регистар ќе можат да се информираат за се што ги интересира.
Во наредните денови истиот настан ќе се оддржи во другите градови во земјава.