×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа јавна расправа за измена на ДУП-от кај ЧИК, најмногу прашања за пристапните улици до „Лидл“

    12.06.2025 07:22 | Оливера Пешевска

    Вчера се одржа јавна расправа за Измена и дополна на Деталниот урбанистички план (ДУП) за потребите на „Лидл“, на местото на поранешната фабрика ЧИК.

    Се одржа јавна расправа за измена на ДУП-от кај ЧИК, најмногу прашања за пристапните улици до „Лидл“

    На расправата учествуваа засегнати граѓани, чии имоти се граничат со градежната парцела, проектанти, вработени во Секторот урбанизам, како и советници, но немаше претставници од инвеститорот кој ја иницира измената.

    На расправата се дискутираше за пристапните патишта до парцелата, и за тоа колку се засегнати граѓаните, со имот непосредно до парцелата.

    „Ова улица и во стариот и по новиот ДУП останува на исто место, по иста осовина, не го прошируваме профилот за дополнителни коловозни ленти, туку се адаптираат тротоарите. Ако општината сака тука да направи улица мора да направи експропријација, да се договори со сопствениците, да откупи за да може да ја реализира“, објасни проектантот Никола Транталовски, од бирото „Архитектор“ од Скопје.

    Образложението беше прифатено од присутните граѓани, но реагираа советниците од опозицијата, кои сметаат дека за исполнување на нечии интереси и лична корист може да дојде до оптоварување на општинскиот буџет и проблеми за жителите на тој дел на градот. Благојче Јаќимовиќ праша, дали во иднина Општината треба да предвиди средства за експропријација на имотот на луѓето, доколку и тие се согласат. Воедно се постави прашањето и за зголемената бучава и загадување, како и евентуални материјални штети за жителите каде се предвидуваат новите улици.

    Се повторија прашањата за пристапот до предвидениот маркет.

    „Наша основна дилема е дали помошните улици можат да ги издржат тешките, 7- тонски камиони? И каде точно би влегувале, ако Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) не дозволува влез од страна на магистралниот пат, каде би влегле, а каде би излегувале товарните возила?“, праша советничката Атина Мургашанска.

    Советниците најавија иницијатива за затворање на сегашната капијата на ЧИК како што дало мислење ЈПДП.

    Измената и дополната на ДУП-от е намената на објектите во рамките на планскиот опфат, таму останува индустријата како основна намена на парцелата, меѓутоа се додава компатибилна класа со објекти од комерцијален карактер.

    Во планскиот опфат помеѓу: улица 1, улица ЈНА, улица 2, катастарска парцела 16793, улица 3, парцела 16369/2, на дел од Урбана единица „Тоде Мендол“ има две градежни парцели, кои имаат рамковна површина за градење. Плановите понатаму ќе се разработуваат со урбанистички проект за да се дефинираат точни површини на градба. За сега се дефинираат главните параметри во ДУП, како на пример параметри од типот на висина, на градба, површина, влез во парцела, решавање на стационарен сообраќај и слично.

    Доколку ДУП-от ги помине сите постапки, на маркичката ќе се градат објекти за малопродажба, големопродажба и хотелско сместување во коплекс наменет за Г3 и Г4 незагадувачка лесна индустрија.