×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа општински натпревар во пружање на прва помош во Куманово

    26.04.2024 15:27 | Оливера Пешевска

    Младинскиот клуб на Црвен крст Куманово, освои прво место на општински натпревар во пружање на прва помош, кој денеска се одржа на Градскиот плоштад во Куманово, во организација на Црвен крст Куманово. Втори беа екипите на „Киро Бурназ“ и „Перо Наков“, а трети Гимназијата „Гоце Делчев“.  

    Се одржа општински натпревар во пружање на прва помош во Куманово

    На натпреварот по дисеминација, повторно најдобри беа Младинскиот клуб на Црвен крст, втори Гимназијата „Гоце Делчев“ и трети „Перо Наков“.

    Во категоријата на подмладок прво место освоија учениците од „Христијан Карпош“, второ тимот на „Крсте Мисирков“, а трето екипата на „Браќа Миладиновци“. Во натпреварот по дисеминација прво место го поделија учениците на „Бајрам Шабани“ и „Христијан Карпош“, второ место се учениците на „Крсте Мисирков“, а на третто тимот на „Кочо Рацин“.

    Ова беше традиционално 33-то издание на овој општински натпревар. На натпреварот учествуваа екипи од 8 основни училишта, четири тима од средните училишта во Куманово, како и еден од Младинскиот клуб на Црвен крст Куманово.

    „Ова година и интересот е поголем, имаме 13 тима, секој со по шест члена, во две категории подмладок и младина кои учествуваат на овој натпревар. Победникот во категоријата младина се стекнува со право за учество на регионалниот натпревар што ќе се одржи на 12 мај во Општина Гази Баба Скопје. Инаку, Општинската организација на Црвен крст го организира според календарот на традиционални активности“, истакна Ива Младеновска, секретар на локалната организација.

    Повод за еден ваков настан е тоа што несреќите се случуваат секојдневно и насекаде, во тие ситуации правилното укажување прва помош навистина може да значи живот или смрт, бидејќи без ваквата помош дури и малите повреди може да станат сериозни и фатални. За да се обезбеди сигурноста на вработените и на учениците во училиштата, важно е едукацијата за правилно укажување прва помош да биде задолжителна во секое училиште, сметаат од ОО Црвен крст Куманово.

    Четирите младински екипи се од средните училишта во Куманово- Киро Бурназ, Перо Наков, Гимназија Гоце Делчев и Гимназија Сами Фрашери.

    Од основните училишта учествуваа- Кочо Рацин,  Крсте Мисирков, Бајрам Шабани, Вук Карџиќ, Толи Зордумис, Магдалена Антова, Браќа Миладиновци и Христијан Карпош.

    Судии на натпреварот беа предавачи по Прва помош за возачи и работни организации во Општинската организација- Црвен крст Куманово, кои имаат соодветна обука за извршување на судиска должност.

    Претседателот на ОО ЦК Куманово Нухи Јусуфи, ги прогласи победниците и ги додели дипломите и пехари за најуспешните.