×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се отстранува монтажната тераса на угостителскиот објект пред Центарот за култура

    17.06.2020 07:09 | KumanovoNews

     Општина Куманово  ја отстрани монтажната тераса на угостителскиот објект покрај Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

    Се отстранува монтажната тераса на угостителскиот објект пред Центарот за култура

    Деновиве интензиво се работи на уривање на урбаната опрема која се користеше за потребите на поранешниот угостителски објекти и собирање на шутот, по што од Центарот за култура, согласно потпишаниот договор при изнајмување на овој простор, велат дека очекуваат од закупецот да го врати просторот во првобитна состојба.

    Од Центарот за култура ја поддржуваат акцијата за отстранување на монтажните објекти, бидејќи подолго време угостителскиот објект не работи, а местото беше запуштено и претставуваше грда слика во центарот на градот.

    „Договорот е раскинат од страна на Министерството за култура, а објектот кој претставува дивоградба се отстранува од страна на Општина Куманово. Договорот е раскинат, бидејќи закупецот не ги почитуваше преземените обврски. Според договорт, просторот треба да го врати во првообитна состојба оној кој го изменил. Ние како Центар за култура, го подржуваме отстранувањето на објектот, бидејќи не можевме како институција да го користиме просторот“, рече директор на Центарот за култура во Куманово, Сашо Тодоровски.

    Тој додаде и дека сѐ уште не е одлучено дали просторот повторно  ќе се издава или пак ќе се стави во употреба на центарот.

     Деловниот простор бил издаден по наем во 2013 година, а договорот е прекинат во средината на 2018 година.

    (Ф.Марковска)