×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се отстрануваат времените објекти на улицата „11 Октомври“

    11.12.2019 12:54 | KumanovoNews

    Општина Куманово денеска започна со отстранување на времени објекти на улицата „11 Октомври“, над Градската џамија, со цел да создаде простор за изградба на уличка која ќе го растерети метежот во центарот на градот.

    Се отстрануваат времените објекти на улицата „11 Октомври“

    Во текот на оваа и следната недела ќе се тргнат сите бараки, кои се сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор. Корисниците добиле решенија уште пред 3 месеци да ги напуштат објектите, а оние кои доброволно не го сториле тоа, денеска беа присилно иселени во присуство на полиција.

    „Заради реализирање на ДУП на улица „11 Октомври“, се врши отстранување на привремено поставените објекти. Потстанарите беа уредно известени да ги напуштат објектите и денеска се пристапува кон административно извршување, односно присилно иселување на оние што не го сториле тоа. Повеќето дуќани се иселени. Сите објекти коишто се на овој потег ќе бидат отстранети, а динамиката ќе зависи од финсиските можности на Општината“,- изјави Бобан Бојковски, раководител на Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово.

    Дел од сопственците регираа зошто Општината се одлучила на овој чекор среде зима, тврдејќи дека ќе им пропадне бизнисот. Тие велат дека некои се` уште имаат договор за закуп, кој бил прекинат еднострано од Претпријатието за стопанисување со деловен простор и покрај тоа што тие поднеле жалби на решението.

    „Се најдовме во безизлезна состојба, бидејќи од овие дуќани ги храниме нашите семејства. 24 семејства сме оставени на милост и немилост на овој студ, без право да се жалиме и да се уважи нашето право. Бараме да најдат решение и да не префрлат на друга локација ако веќе не бркаат од тука. Сакам да го прашам градоначалникот дали има ДУП за реализација на овој проект или тоа го прави на своја рака без законска основа“, - изјави Башким Ќерими, еден од сопствениците.  

    Од Општина Куманово велат дека тие донесуваат одлуки за поставување и отстранување на времените објекти, кои се во интерес на сите граѓани, а во конкретниот случај запазени се сите законски процедури.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, уште на почетокот на мандатот најави дека планира да ги поврзе улиците „11 Октомври“ и „11 Ноември“, за да се намали гужвата во сообраќај кон Општата болница и да се отстрани тесното грло кое го создаваат возилата кои се движат кон населбата Бедиње и Липково.