Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово од утре (среда-18.07) ќе започне со работа новиот маркет на малопродажниот ланец „Жито маркети“.
Новиот трговски дуќан се наоѓа на улицата „Октомвриска Револуција“, бр.1/1, во просториите на поранешната продавница „Промес“.
Маркетот се простира на површина од 200 м2 + 50 м2 магацински простор, располага со 2 каси, широк асортиман на производи и месара.
Од компанијата „Жито маркети“ ги повикуваат граѓаните на Куманово, да ги посетат, бидејќи подготвуваат бројни промоции и дегустации, подароци и изненадувања за сите посетители.