×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се отвораат сите гранични премини, може да се влезе со негативен тест за коронавирус и седење 14 дена во самоизoлација

    16.06.2020 16:51 | KumanovoNews

    Од утре се отвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија, одлучи Владата на денешната седница.

    Се отвораат сите гранични премини, може да се влезе со негативен тест за коронавирус и седење 14 дена во самоизoлација

    Според соопштението на Владата, продолжуваат да важат мерките  што се активни за справување со пандемијата со вирусот КОВИД-19. Тоа ќе значи дека секој што ќе сака да влезе во државава, ќе мора да приложи на граница валиден негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа и да седи во самоизолација 14 дена.

    „Останува и мерката за потпишување Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР“, -соопштуваат од Владата.

    Исто така останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

    Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок.

    „Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација“, - стои во соопштението на Владата.